На 22 март се спроведоа избори во пет регионални одбори за дополнување на членови во истите кои согласно Статут на СКМ ( чкен 58, став 1) е определено  да имаат по пет члена .

Во Регионален одбор Делчево за подрачјето на општините Делчево, Берово и Пехчево се гласаше за дополнување на два члена во тој регионален одбор.Во Регионален одбор Аеродром се гласаше за дополнување на еден член во тој регионален одбор. Во Регионален одбор Гевгелија за подрачјето на општините Гевгелија, Дојран, Валандово и Богданци се гласаше за дополнување на еден член во тој регионален одбор. Во Регионален одбор Свети Николе за подрачјето на општините Свети Николе, Лозово,Пробиштип и Македонска Каменица се гласаше за дополнување на еден член во тој регионален одбор. Во Регионален одбор Прилеп за подрачјето на општините Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Македонски Брод и Пласница се гласаше за дополнување на еден член во тој регионален одбор . Централната изборна комисија на Стоматолошка комора на Македонија на 23 март 2019 година ги сумираше резултатите и го даде следниот извештај:

– Регионален одбор Делчево за подрачјето на општините Делчево, Берово и Пехчево  за членови  во Регионален одбор Делчево ги  избраа д-р Митко Јанковски како четврти ,  и  д-р Светланка Ангеловска како петти член на РО.

– Регионален одбор Аеродром  за член на Регионален одбор Аеродром го избраа д-р Михајло Јовановски..

– Регионален одбор Гевгелија за подрачјето на општините Гевгелија, Дојран, Валандово и Богданци за член на Регионален одбор Гевгелија го избраа д-р Васко Коцевски.

– Регионален одбор Свети Николе за подрачјето на општините Свети Николе, Лозово,Пробиштип и Македонска Каменица  за член на Регионален одбор Свети Николе го избраа д-р Ѓорѓи Стојковски.

– Регионален одбор Прилеп за подрачјето на општините Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Македонски Брод и Пласница  за член на Регионален одбор Припел ја избраа д-р Билјана Бисеркоска.

Со овие изборни активности се пополнија сите Регионални одбори на СКМ , освен РО Гази Баба, Илинден , Петровец и Арачиново каде поради неисполнување на обврските и непочитување на одлуките на ЦИК на СКМ и на ИО на СКМ  од страна на председателот на РО Гази Баба  се уште не се започнати изборните процеси за дополнување на регионалниот одбор и истиот е сеуште со еден член помалку.