Линк кон вест на МИА

Особено задоволство ни е дека оваа година Стоматолошката комора на Македонија беше домаќин на Вториот политички состанок  којшто се одржи во Скопје на 9 март во Скопје, во хотелот Stone Bridge .

На Првиот политички состанок , кој се одржа во јуни 2018 година во Бургас , Бугарија учествуваа представници на Федерација на германските  стоматолошки  комори, Хрватската комора по дентална медицина, Бугарскиот заболекарски сојуз како домаќин и Стоматолошка комора на Македонија .

Оваа година, на оваа голема и значајна средба, која како таква и на такво ниво не е одржана од основањето на нашата Комора учествуаваа повеќе учесници , и тоа  председателите и нивните најблиски соработници  на Федерација на германските  стоматолошки  комори , Австриската стоматолошка комора, Лекарската комора на Република Словенија-Одделот за стоматологија, Хрватската комора по дентална медицина, Стоматолошката комора на Босна и Херцеговина ,Бугарскиот заболекарски сојуз,  и како домаќин  Стоматолошка комора на Македонија .

На состанокот согласно предвидениот дневен ред се разговараше за одлуките на Советот на европските стоматолози( CED ), нивната примена при поставувањето на начела во законската регулатива кај земјите аспиранти кон ЕУ , идните чекори околу раздвојување на здравствените професии од другите професии во рамките на Европска унија , нивната репрезентативност во исполнување на  вредностите на ЕУ  поради сопствените специфичности и  јавниот  интерес  како и нивно зајакнување во однос на државните институции  и зацврстување на меѓународната соработка со сродни институции, комори и асоцијации на светско (FDI) , европско ( ERO FDI , CED  итн)  и регионално  ниво, како и за потребните подготвителни активности кои ние како Комора треба да ги превземаме за побрзо имплементирање на нашето работење согласно стандардите на  Коморите во Европската унија .

По плодна дискусија по сите точки состанокот на крај резултираше со заедничка резолуција „Resolution on obligatory membership for investor driven dental structures „ која како   Resolution Skopje   ќе се најде на дневен ред во Виена , на состанокот на CED( Совет на европски стоматолози)  , на 24-25.мај .2019 година.

Исто така , учесниците завземаа  едногласен став дека вакви состаноци , во овој , но и проширен состав  со уште учесници од земјите од Западен Балкан е неопходно да продолжат и го задолжија Др Денковски Маријан, председателот на Стоматолошка комора на Македонија , како председаавач на Вториот политички состанок да ги превземе сите потребни активности за координација околу организирање на Третиот политички состанок  за кој домаќинот и времето ќе се определи во најкраток можен рок.