На 03.05.2019 година во организација на Стоматолошка комора на Македонија се одржа  собир на доктори на  РО  Струмица на кој учествуваа и представници на РО Гевгелија, Валандово и Богданци и на РО Делчево и Берово.

На собирот  се оствари средба  со министерот за здравство Д-р Венко Филипче, директорот  на ФЗОРСМ г-динот Данаил Ден Дончев, директор на финансискиот сектор на ФЗОРМ, г-дин Миле Сугарев  како и претседателот и заменик претседател на Комората Д-р Маријан Денковски и Д-р Коста Изов и претседателот на ИО на СКМ Д-р Мирлинд Селими .

На собирот се разговараше и се отворија дискусии и се побараа решенија  за веќе многугодишните нерешени проблеми  со кои секојдневно се сретнуваат стоматолозите, пред се поради веќе максимално  лошата  финансиска состојба  на докторот стоматолог, независно дали се работи за општ или стоматолог специјалист, но и за нерамноправноста на стоматологот со останатите субјекти во македонскиот здравствен систем.

По завршување на собирот на доктори, представниците на институциите и на Комората ги продолжија разговорите за понатамошните  заеднички делувања за  подобрување на статусот на докторите на стоматологија со цел да се надминуваат  проблемите  со кои се сретнуваат стоматолозите и договорија продолжување на вакви средби со стоматолозите на собири на Регионални одбори  и во иднина  со цел да се подобри статусот на стоматологот, но и целокупниот здравствен систем во државата.