Сакаме да Ве информираме дека по разговорите со в.д.директорот ФЗОРСМ, Стево Крстевски, од 3.12.2020 околу правното решение за т.н. аконтации за специјалис­тичко консултативни стоматолошки ординации за месе­ците април, мај и јуни во 2020 година и кои требаше ПЗСУ да ги вратат доколку не ги надоместат до 31.12.2020 годи­на договореното е остварено.

Со Одлука на Управниот одбор на ФЗОРСМ ,од 17.12.2020 година, ПЗСУ од специјалистичко консулта­тивна стоматолошка дејност аконтативниот исплатен из­нос за месец април, мај и јуни 2020 е обврзана да ги реа­лизира со здравствени стоматолошки услуги заклучно со јуни 2021 година, односно до јуни 2021 треба да изврши поравнување на средствата.

Доколку до јуни 2021 година, ПЗСУ нема извршено здравстевени услуги со кои во целост ќе го покрие доде­лениот аконтативен износ за месеците април, мај и јуни 2020 година, истиот ќе биде намален од фактурите на здравствените установи доставени до Фондот за првото шестомесечје од 2021 година.