Почитувани колеги,

Постојат многу Ваши прашања кои мора да добијат одговор од најрелевантните од Комората, пред се од претседателот на Комората Д-р Маријан Денковски.
Прашањата не мора да се однесуваат само од областа на имунизацијата, туку и од некои други области кои Ве засегаат, а се во статутарна  ингеренција на Комората.
На ден 10.03.2021 година со почеток во 12.00 часот ќе можете да ги добите сите одговори, на сите Ваши прашања, за сите теми кои Ве засегаат.
09.00- 12.00   —————-РЕГИСТРАЦИЈА
09.00- 12.00  Поставување на прашања во CHAT и  Q&A
12.00-                Обраќање на претседателот на Комората др Денковски Маријан
                            и членови на Кризна група и одговарање на Вашите прашања
КОВИД-19 продолжува да има сериозно влијание врз глобалното здравје, општеството и економиите. Вакцините се од суштинско значење во борбата против пандемијата бидејќи тие можат да ги заштитат луѓето од заболување и да ја олеснат зависноста од нефармацевтски мерки за јавно здравје.
Неколку вакцини против КОВИД 19  кои се покажаа безбедни и ефикасни во големите клинички испитувања се одобрени за употреба, додека над 200 други призводители на вакцините се во различни фази на развој со нивните вакцини. Од крајот на јануари 2021 година, администрирани/аплицирани се скоро 100 милиони дози на вакцини против КОВИД 19 во над 50 земји, претежно на ранливо население како што се стари лица и ризични групи како здравствени работници, но како ако што земјите почнуваат да ги спроведуваат програми за вакцинација, има се поголема потреба да се потенцираат неколку размислувања, факти и искуства од целиот свет  во врска со стоматолошките услуги и стоматолозите како даватели на јавните услуги поврзани со оралното орално здравје во многу земји во светот, не пропуштајќи ја и Република Северна Македонија.
Вакцинацијата на стоматолози, членови на нивниот тим е неопходна
и истата не смее да трпи одлагање!

Поради тоа и ние како Комора заедно со нашите пријатели од ФДИ настојуваме секој на својот терен, во својата држава  да обезбедиме  целосен, фер и правилен пристап при изготвувењето на  националните програми за вакцинација и вклучување на стотоматолошките тимови во првата фаза на вакцинацијата бидејќи на сите треба да им е јасно, односно да им се објасни и објаснува постојано, дека без оглед што за нашата работа постојат протоколи, препораки, веќе прилично искуство во користење на Личната заштитна опрема и  што ние сме високо обучени професионалци,  сепак ние со нашиот тим постојано сме во најдиректен контакт со нашите пациенти и е неопходна нашата имунизација најбргу што е можно.

Поради погоре наведеното, но и поради тоа што сме здравствени работници, Комората ќе соработува и со работните групи на ФДИ, со релавантните државни институции, како и со останатите здравствени комори во државата на подобро разбирање на вакцините, подобро разбирање на специфичностите на процесот на вакцинацијата со цел ажурираните информациите базирани на докази да ги споделуваме помеѓу нашите членови, кои како добро информирани ќе може да ги промовираат целите на вакцинацијата, како единствен начин сите заедно да и ставиме крај на оваа пандемија.

Почитувани колеги ,
Постојат многу Ваши прашања кои мора да добијат одговор од најрелевантните од Комората, пред се од претседателот на Комората др Маријан Денковски.
Прашањата не се само од областа на имунизацијата, туку можеби и од некои други области кои Ве засегаат а се во статутарна  ингеренција на Комората.
На ден 10.03.2021 година со почеток во 12.00 часот ќе можете да ги добите сите одговори, за сите теми кои Ве засегаат.
Средбата ќе започне во 12.00 часот , а ќе заврши кога ќе се исцрпат сите теми за кои е има прашања.
По завршување на средбата снимката од ќе биде поставена на  веб страна на Комората за да може доколку ги интересира  да ја видат и оние колеги кои нема да се во можност од различни причини да се вклучат во живо.
Стоматолошка комора на Македонија, ќе објави линк на ZOOM средба на Веб стрaна и на facebook.
Средбата ќе е затворена и само за членовите на Комората и на истата ќе може да се вклучат сите заинтересирани членови на Комората.
Секој кој е заинтересиран да постави прашање, може да го постави пред средбата на службениот меил на Комората(e-mail:  skm@skm.mk), но и за времетраење на средбата
(во CHAT или  во Q&A ) по што ќе добијат одговор од претседателот на Комората, Др Маријан Денковски и од членовите на Кризната група.
Регистрацијата е слободна за сите членови кои ќе треба да се регистрираат преку својот меил и само со бројот на лиценца без обврска да го ставаат своето име и презиме при  поставување на  прашање.
Ве очекуваме и ги очекуваме Вашите прашања за нештата да станат појасни,
Кризна Група на СКМ
Техничка поддршка  (на моб.телефон, Viber):
Aлександар Маркозанов    075 27 32 38
e-mail:  skm@skm.mk