ПРИЈАВУВАЊЕТО ВО ИДНИНА ПРЕКУ ОФИЦИЈАЛНИОТ САЈТ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО 

https://vakcinacija.mk/

 

Почитувани, 

Сакаме да Ве информираме дека денес, 21.04.2021 до Министерство за здравство и Управа за електронско здравство (Мој термин) од страна на Комората се испратени последните табели/листи кои Комората ќе ги праќа со барање за термин за имунизациаја, и тоа:

Табела 1

Сите пријавени доктори на стоматологија до 20.04.2021  (до 15.00 часот), членови на Комора со активни лиценци, на која ќе се и сите доктори на стоматологија пријавени до 20.04.2021 (до 15.00 часот), членови на Комора со активни лиценци кои имале термин, но поради контраиндикација за СПУТНИК V (од различни причини) не ја примиле вакцината и кои би требало да добијат термин за друг тип на вакцина (на пр. Фајзер)

и

Сите пријавени стоматолошки сестри за кои до 20.04.2021 (до 15.00 часот) добивме легитимен документ дека работат како стоматолошки сестри/асистенти во стоматолошки здравствени установи.

Табела 2

Сите пријавени членови на Комората до 20.04.2021  (до 15.00 часот), членови на Комора со активни лиценци кои пријавиле дека прележале КОВИД 19, како и сите стоматолошки асистенти, со наведен датум (период) на прележеност кој го пријавиле за да можат одговорните од МЗ и Мој термин  да ги повикуваат согласно нивниот став за дистанца помеѓу прележан Ковид 19 и време за вакцинирање

Почитувани, членовите на Кризната група на Комората, но пред нив и пред се вработените во Стручната служба на Комората вложија екстремни напори да може да ја реализираат одлуката на Комората за имунизација на своите членови и комплетните стоматолошки тимови.

Но, почитувани колеги, сите ние сме екстремно изненадени од нивото на не/комуникација, не/воспитание, не/култура, не/колегијалност од некои (за среќа во не поголем број) од нашите „колеги„!!!!!

Нивното однесување како кон останатите колеги, така и кон вработените во Комората, нивниот егоизам, нивното измамничко однесување, давање лажни податоци (со цел на имунизација на членови на нивни семејства, нивни пријатели, нивни административни работници, хигиеничари, сметководители итн) доведе до тоа да ние како Кризна група почнеме сериозно да се сомневаме во нивното, во најмала рака сфаќање на Етичкиот кодекс, но и нивното чувство за почитување на законите и правниот систем, а не сакаме да не  посочиме дека таквото нивно однесување  можеше да доведе во рушење на довербата на Комората од страна на релевантните институции (МЗ, Мој термин, Комитет за имунизација итн) од што може како фела да имаме трајни последици.

Почитувани колеги, не сакаме во овој момент како Кризна група да посветиме повеќе внимание кон тие „колеги„ и за нив , (посебно некои од кои најмалку се очекуваше и кои беа на многу значајни функции во Коморат во изминатиот период сепак во блиска иднина ќе го дадеме нашиот став) , но  сакаме со оваа соопштение  да посветите внимание  на следното:

I

Имено, Комората и Кризната група без никакви сомневање од почетокот е на став дека докторот на стоматологија и неговиот асистент се во приоритена група за имунизација и постигнавме  толку колку можевме во услови на лимитиран број на вакцини во нашата држава и по нешто повеќе од еден месец и имунизирани од 2200 до 2400 стоматолошки здравствени работници, Ве информираме  дека по испраќање на посочените табели нема повеќе да примаме пријави и сите заинтересирани ги упатуваме да се пријават на официјалниот сајт https://vakcinacija.mk/   на Министерство за здравство за добивање на термини, а воедно ги советуваме и сите кои не се вакцинирани и се наоѓаат и на нашите табели кои ги испративме денес без оглед што се на нашите табели и тие да се пријават на https://vakcinacija.mk/ очекувајќи го побрзиот термин, дали преку Комората или преку посочениот сајт.

Почитувани колеги, Кризната група е на став дека сите колеги кои и самите си ја почитуваа својата дејност и самите се сметаа за приоритетни, веќе во изминатите 50-60 дена поминаа низ системот на пријавување преку Комората, а за останатите кои дури сега се пријавуваат сепак постои и официјалниот сајт https://vakcinacija.mk/ на Министерство за здравство.

II

Почитувани колеги, направивме се што можевме за нашите асистенти да добијат термини и покрај тоа што истите не се наши членови, покрај тоа што Комората немаше никаква обврска кон нив зошто сите тие се членови (со или без нивно знаење) на Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо образование, чиј претседател е Виолета Котевска и таа Комора имаше легално и легитимно право, но и обврска да се грижи за нив. Но, почитувани колеги, ние како Комора застанавме на реалниот став дека  нашите асистенти, пред се вработените во ПСЗУ, тоа што не се членови во нашата Комора е системска, законска аномалија и во најблиска иднина ќе се фокусираме на можноста проблемот или аномалијата да ја решиме со законски измени по пример на хрватското искуство и решението на Хрватската комора на дентална медицина.

III

Почитувани колеги, истото можеме да кажеме и за нашите соработници, нашите пријатели забните техничари кои не можевме да им помогнеме пред се и поради официјалниот став во писмена форма од нивното раководство дека нивна желба и одлука е забните техничари да не се членови на Стоматолошката комора , туку да се членови на наведената Комора, Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо образование, чиј претседател е Виолета Котевска. Ставот и решението по однос на нашата идна соработка очекуваме да го изнајдеме на еден заеднички состанок, со заеднички став и заеднички напори.

 

Почитувани, Ви благодариме на довербата и на трпението и за разбирањето на нашите грешки и сметајте дека и покрај тоа што Ве упатуваме на официјалниот сајт https://vakcinacija.mk/  Комората и понатаму е со Вас и Ваша.

 

Со почит, Кризна група на СКМ