*Најмалку три до пет пати на ден, чистете ги најчестите допирни места во просторијата, како што се: рачки на вратите, рачки за прозорци, чешми во ординација и тоалети, копчиња за палење на светло, далечински управувачи, прекинувачи за напојување, лифтови, и други површини што ги користат поголем број на лица.
*Средствата за дезинфекција кои ќе ги употребувате задолжително треба да поседуваат антивирусно дејство со назначена потполно вируиден ефект ( многу од нив се и со анти Корона вирус дејство) базиран на алкохол за брза дезинфекцијаи чистење на неинвазивни медицински уреди при што е потребно да се почитува и наведеното време на изложеност.
*Колку е можно почесто исчистете ги сите површини кои се допират: работни површини, мобилните телефони и други телефони, ПОС уреди, тастатури, конзоли итн
*Покријте ги површините што почесто се користат од поголем број луѓе, како што е ПОС терминал, тастатура итн. со заштитна фолија што може да се чисти повеќе пати неколку пати на ден. Алтернативно, можете исто така да обезбедите марамчиња за еднократна употреба и пред да ги допрете овие уреди за да ги покриете.
*Обезбедете околина без чад.
*На јавни места каде што луѓето се помалку способни да ги мијат рацете редовно, поставете алохолен дезинфециенс ( над 70% алкохол) со распрскувач
*Обезбедете топла проточна вода и сапун, како и хартиени крпи за еднократна употреба, за миење раце во тоалети.
*Употребувајте компреси за еднократнаупотреба.
*Исфрлете ги крпите од употреба или менувајте ги постојано.
*Поставете корпите за отапдоци со капаци
*Обезбедете безбедно отстранување на користени хартиени крпи и друг отпад во ординацијата, тоалетот и други простории.
*Отстранете ги сите списанија и брошури за рекламирање од чекалната и во заедничките простории.
*Користете телефони, видео конференции и Интернет за да работите што е можно повеќе од далеку наместо да се сретнувате и изложувате на директен контакт.
*Кога состаноците се неопходни и итни,како и при разговор со Вашите пациенти организирајте ги во што е можно поголема просторија и оставете доволно простор (најмалку 1-2 м) помеѓу поединците.
*Избегнувајте ракување и држете растојание од најмалку 1m кога зборувате.
*Редовно и барем три-четири пати на ден, проветрувајте ги сите простории.
*Примајте ги само итните пациенти со задолжително земена коплетна анамнеза.
*Обезбедете оптимални услови за работа со пациентот имајќи во предвид пред се на Вас , Вашиот персонал и пациентите.
*Пациентите закажувајте ги со подолго време помеѓу нив за да може оптимално да се исчисти работното место и просторот околу него.
*Доколку располагате со бактерицидна лампа за дезинфекција на просторот вклучувајте ја најмалку два до три пати на ден.
И
*Обезбедете што поефикасна обработка на инструменти (вклучително и на огледалца и насадни инструменти)
Почитувајте ги насоките кои СЗО и Министерство за здравство на Република Северна Македонија ги даваат секојдневно .
*Избегнувајте патувања што не се неопходни, особено во погодените области.
*Овозможете му на секој со респираторни симптоми (кашлица, кивање, треска, останување без здив) да остане дома.
Корисни линкови: