ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ НА СИТЕ ШТО ПОМАГААТ И УЧЕСТВУВААТ ВО ПОДГОТОВКА НА ОВИЕ ТЕКСТОВИ,
КОИ СЕКОЈДНЕВНО ЌЕ ГИ ОБЈАВУВАМЕ НА ВЕБ СТРАНАTA НА КОМОРАТА.
НЕ МИСЛИМЕ ДЕКА СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО ДА ЗНЕАТЕ ЌЕ УСПЕЕМЕ ДА ГО ГО НАПИШЕМЕ, УШТЕ ПОМАЛКУ МИСЛИМЕ
ДЕКА НАПИШАНОТО ВИЕ ВЕЌЕ НЕ ГО ЗНАЕТЕ И НЕ ГО ПРАКТИКУВАТЕ ВО ВАШЕТО СЕКОЈДНЕВНО РАБОТЕЊЕ .
МНОГУ РАБОТИ, МОЖЕБИ И СИТЕ РАБОТИ ВИ СЕ ПОЗНАТИ, НО СТАРО ПРАВИЛО Е ДЕКА:
„ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО“
П Р О Т О К О Л И
ЗА РАБОТА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА
„во секој момент однесувај се како сите пациенти да се инфективни и многу побитно како да си ти инфективен,
а се уште не знаеш“-твитер пост
ОСНОВНИ ПРОТОКОЛИ
(може да ги надополнувате доколку сметате дека нешто е пропуштено)
I.
Модерната стоматологија не се потпира единствено и исклучиво на стоматологот, туку и на таква организациска форма, која ја нарекуваме работа во група или работа во тим, тим кој го сочинуваат стоматологот и стоматолошката сестра. Сите членови на тимот по природа на работата, постојано се изложени на болести од кои голем дел се сериозни, па дури и кобни. Денешна стоматолошка доктрина бара да на секој пациент кој влегува во стомалошка ординација и седнува на стоматолошка столица, се гледа како на потенцијален извор на зараза. Тоа значи дека сите членови на тимот, мора да ги спроведуваат сите хигиенско-превентивни мерки како би се заштитиле пред се себе си, а и своите пациенти, односно треба да се примени т.н. оптимално разумен пристап, кој е практичен до таа точка кога ризикот од инфекција е сведен на занемарлив минимум.
Заштитата на стоматолозите, персоналот во стоматолошките ординации, а и на пациентите се постигнува со општи и специфични мерки. Општи мерки на заштита бараат спроведување на дезинфекција и стерилизација, како и примена на потрошен материјал за еднократна употреба во текот на клиничкиот преглед, или дијагностичко-тераписката постапка.
Специфичните мерки ги надополнуваат, а не ги исклучуваат општите мерки.
Во општи мерки на заштита во стоматологија спаѓаат:
- Хигиена на вработените во стоматолошките ординации
- Хигиена на стоматолошките ординации
II.
Кога ќе влезете во ординација, Вие и Вашиот персонал треба:
- При влегување во ординација задолжително да ги симнете сите непотребни за работа аксесоари и други модни додатоци (прстени, обетки, ланчиња, нараквици, часовници и сл.) и заедно со мобилните телефони да ги оставите во гардеробер (вклучително и блутут слушалките, зошто и тие се вклучуваат со одреден допир, кој обично е со рака во ракавица) и пристапите на внимателно миење на рацете со сапун (нема значење дали е антибактериски или обичен) и топла вода најмалку 20-ина секунди, при што треба да се почитуваат сите правила за миење на раце на здравствени работници (сакаме да укажеме дека не треба рацете да се мијат како при хирушки протокол со четка и т.н.), бришење со хартиен бришач и дополнителна дезинфекција на измиените и чисти раце пред облекување на униформа.
*дезинфекциски гел можете и сами да си приготвите со мешање на 70-90 % изопропилен алкохол или етанол (2/3) со додавање на алое вера или глицерин
- Да се пресоблечете во чиста униформа (стандардните мантили преку цивилна облека кои не се со закопчување до грло не се корисни) и без импровизаци (горен дел од униформа, а долу со фармерки и сл. делови од цивилна гардероба).
ПОЧИТУВАНИ КОЛЕШКИ И КОЛЕГИ,
ДОКОЛКУ НЕ СТЕ СПРЕМНИ СЕКОЈДНЕВНО ДА ГО ЗАПОЧНУВАТА РАБОТНИОТ ДЕН СО НАЈМАЛКУ ОВИЕ ХИГИЕНСКИ МЕРКИ, НАЈДОБАР СОВЕТ Е ДА НЕ ПРОДОЛЖИТЕ СО ЧИТАЊЕ НА ТЕКСТОТ ПОНАТАМУ, НО И ДА НЕ ГИ ОТВАРАТЕ ОРДИНАЦИИТЕ И ДА ПРЕСТАНЕТЕ СО РАБОТА.
- Лична хигиена на вработените во стоматолошките ординации
– Ноктите на прстите на персоналот треба да се кратко потсечени и чисти.
– Рацете и ноктите треба добро да се измијат пред и по контактот со пациентот, оптимално решение е рацете пред ставање на ракавици, да се дезинфицираат со дезинфициенс.
– Најдобро е рацете да се бришат со хартиени брисачи за еднократна употреба, или рацете да се сушат со топол воздух.
– Задолжително користење на ракавици за еднократна употреба за целиот персонал
– Никогаш не треба да се мијат само ракавиците.
ПОЧИТУВАНИ КОЛЕШКИ И КОЛЕГИ,
ДОКОЛКУ НЕ СТЕ СПРЕМНИ СЕКОЈДНЕВНО ДА ГО ЗАПОЧНУВАТА РАБОТНИОТ ДЕН СО НАЈМАЛКУ ОВИЕ ХИГИЕНСКИ МЕРКИ, НАЈДОБАР СОВЕТ Е ДА НЕ ПРОДОЛЖИТЕ СО ЧИТАЊЕ НА ТЕКСТОТ ПОНАТАМУ, НО И ДА НЕ ГИ ОТВАРАТЕ ОРДИНАЦИИТЕ И ДА ПРЕСТАНЕТЕ СО РАБОТА.
III.
- Хигиена на стоматолошките ординации
– Не смее да има теписи или теписони во ординациите и чекалните, подот и ѕидовите мора да се чистат и дезинфицираат со дезинфициенси (задолжително е носење на ракавици при чистење и одржување на просториите)
– Обезбедување на адекватна вентилација на просторот во сите делови на ординациите.
- Вашите асистенти треба да ја подготват ординацијата пред Ваше доаѓање
Хигиеничарите или сестрите, или Вие самите (зависно од тоа како е уредено во секоја ординација), работниот ден треба да го започнете со дезинфекција на работното место, работната масичка, при што не смее да се заборави рефлекторот, ниту пак водениот дел т.н. фонтаната и аспираторното црево. да го спремите просторот со тоа што првин со дезинфициенс ќе се обработат подот, вратите, просторот околу вратите, прекинувачите за светло, мебелот, просторот околу столот и секако комплетните работни места на сестрата и докторот.
- Дезифициенси:
Постојат различни дезинфициенси кои во нормални услови во нормална ординација сосема задоволително ни помагаа во одржување на хигиенато, но во моменталната состојба не е потребно само одржување на хигиена и да е чисто.
Во состојбата во која се наоѓаме, постојат неколку критериуми што треба да ги исполнат дезинфицентните средства за да бидат ефикасни. Дезинфициенсите засновани на алкохол се поефикасни од оние без алкохол. Сепак, процентот на алкохол по волумен треба да биде најмалку 60%. Под ова, со помала веројатност тие ќе ги убијат бактериите и вирусите на површините и на вашите раце.
Моќноста на дезинфициенсот заснован на алкохол се зголемува со процентот по волумен на алкохол. Значи, повисоките проценти веројатно ќе бидат подобри. Сепак, многу високите концентрации (над 95%) се помалку ефикасни затоа што протеините во вирусот не се менуваат толку лесно кога нема вода во средството.
Основна препорака е да се запознаете со средството за дезифекција (водете сметка дека дезинфициенсот не е средство за чистење и се што сакате да дезинфицирате, треба најпрвин да биде оптимално исчистено), неговиот состав, начин на употреба и да ги почитувате препораките на производителите без импровизација.
Тоа треба да се има во предвид кога зборуваме и за просторот (подот и сл.) и за работните површини и стоматолошкиот стол и треба да се напомене дека во оваа ситуација не важи „подобро било што од ништо“.
По предходно наведеното доколку ја има задолжително треба да се вклучи бактерицидната лампа (пожелно е дневно да се вклучува 3-4 пати зависно од фреквенцијата на итните пациенти).
ПОЧИТУВАНИ КОЛЕШКИ И КОЛЕГИ,
ДОКОЛКУ НЕ СТЕ СПРЕМНИ СЕКОЈДНЕВНО ДА ГО ЗАПОЧНУВАТА РАБОТНИОТ ДЕН СО НАЈМАЛКУ ОВИЕ ХИГИЕНСКИ МЕРКИ, НАЈДОБАР СОВЕТ Е ДА НЕ ПРОДОЛЖИТЕ СО ЧИТАЊЕ НА ТЕКСТОТ ПОНАТАМУ, НО И ДА НЕ ГИ ОТВАРАТЕ ОРДИНАЦИИТЕ И ДА ПРЕСТАНЕТЕ СО РАБОТА.
IV.
Режим на работа во ординација:
– Дневниот распоред на пациенти треба да е со што е можно повеќе време помеѓу нив, за да може процедурите на чистење и подготовка на работното место и работниот простор да се завршат во потполност, но и за да се избегне можноста за повеќе пациенти во ординација во исто време.
– Препорака е да примате само итни случаи
– Посебна препорака е да не постапувате при прием на пациенти нечесно кон другите колеги кои ја почитуваат предходната препорака (да ги презапишувате кај Вас како матични) зошто можеби токму тој пациент е позитивен со корона вирусот
– Чекалната треба да е со доволно растојание помеѓу столчињата, но и со адекватно растојание помеѓу администраторот/сестрата и пациентот. Исто така во чекалната не смее да има никакви списанија, брошури и сл., зошто на тој начин е невозможно да се контролира хигиената
– Обезбедување на принципот „еден пациент во ординација во исто време“, или доколку е неможно обезбедување на растојание од најмалку 1-2 помеѓу пациентите
– На самиот влез е неопходно да има на видно место упатство за пациентите, поврзано со симптомите на корона вирусот
– Покрај упатството, на влезот во ординацијата треба да постои дезифекциско средство за пациентите, за брза дезифекција на база на алкохол над 60%, дезинфекциски марамчиња или слично.
– По брзата дезинфекција, пациентот се упатува до местото каде ќе може да ги измие рацете со сапун (не пократко од 20 секунди) по што се упатува кај администраторот/сестрата каде ако по телефон веќе не е земена анамнеза, му се поставуваат прашања поврзани со неговото движење, контакти и моментална состојба и се пополнува анамнестичкиот прашалник (ако пациентот при тоа каже дека има било кој од симптомите на корона вирусот, персоналот треба да е обучен за понатамошна постапка, согласно насоките на МЗ).
Еден од основните параметри кои упатуваат на можно заразен пациент е благо покачена телесна температура, која се детектира со термометар (по можност без контактен, но може да се користи и стандарниот, со негово дезинфицирање помеѓу пациентите), бидејќи секоја покачена температура бара соодветна реакција согласно препораките на Министерство за здравство.
Други сигнификантни знаци за можно заразен пациент се суво грло, сува кашлица и било кој друг симптом на респираторна инфекција и по мислење на тајванските експерти неможност за држење здив од 10-на секунди без кашлање и непријатности.
Доколку се е во ред, пациентот се упатува на стоматолошкиот стол, со упатство дека треба да избегнува непотребни допирања по ординацијата.
ПОЧИТУВАНИ КОЛЕШКИ И КОЛЕГИ,
ДОКОЛКУ НЕ СТЕ СПРЕМНИ СЕКОЈДНЕВНО ДА ГО ЗАПОЧНУВАТА РАБОТНИОТ ДЕН СО НАЈМАЛКУ ОВИЕ ХИГИЕНСКИ МЕРКИ, НАЈДОБАР СОВЕТ Е ДА НЕ ПРОДОЛЖИТЕ СО ЧИТАЊЕ НА ТЕКСТОТ ПОНАТАМУ, НО И ДА НЕ ГИ ОТВАРАТЕ ОРДИНАЦИИТЕ И ДА ПРЕСТАНЕТЕ СО РАБОТА.
V.
Лична заштитна опрема
Мора да запомните дека секој пациент, без оглед што ги поминал предходни процедури, не можете да исклучите дека е можен носител на корона вирус и со тоа потенцијална опасност по Вас, Вашиот персонал, Вашите семејства и Вашите следни пациенти.
Пред почеток на Вашето интервенирање потребно е Вие да ја имате следната Лична заштитна опрема (ЛЗО):
– Заштитен еднократен мантил кој се облекува за секој нов пациент преку нормалната униформа, или најмалку по секој пациент да го менувате минимално горниот дел на униформата со чист (за да се избегне контаминација помеѓу пациентите), но и да се самозаштитите од нормални, инстиктивни, несвесни допири.
– Еднократна заштитна маска (се препорачуваат маски FFP 1-3), еднократни заштитни ракавици, заштитен визир или заштитни наочари, едноикратна заштитна капа.
По завршување на интервенцијата внимателно по протоколот за одстранување на ЛЗО, истата ја фрлате на местото за медицински отпад.
ПОЧИТУВАНИ КОЛЕШКИ И КОЛЕГИ,
ДОКОЛКУ НЕ СТЕ СПРЕМНИ СЕКОЈДНЕВНО ДА ГО ЗАПОЧНУВАТА РАБОТНИОТ ДЕН СО НАЈМАЛКУ ОВИЕ ХИГИЕНСКИ МЕРКИ, НАЈДОБАР СОВЕТ Е ДА НЕ ПРОДОЛЖИТЕ СО ЧИТАЊЕ НА ТЕКСТОТ ПОНАТАМУ, НО И ДА НЕ ГИ ОТВАРАТЕ ОРДИНАЦИИТЕ И ДА ПРЕСТАНЕТЕ СО РАБОТА.
V
Продложува…………………………………………………………………………………………