КОМИСИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА (23.06.2014)

Во врска со предлог-текстот на договорот за попуст претседателот на Комисијата ги извести присутните дека урнекот од Лекарската Комора е прифатен интегрално, освен две измени и тоа исфрлен е делот каде корисници на попустот можат да бидат и членовите на потесното семејство на членот на Комората. Беше одлучено како да тече постапката за обезбедување попуст – членовите на Комисијата и на регионалните одбори прво го доставуваат договорот до правните субјекти од кои бараат попуст на заверка и потпис, а потоа Комисијата одлучува кои попусти ќе ги прифати и ќе ги предложи на Претседателот на Комората. Досега членовите на Комисијата се во преговори за одобрување на попусти со Комерцијална банка, Еуролинк осигурување, Дома мебел, Пилот травел, а договори се обезбедени со ресторант Ајчо-Битола, автосервис Агрон – Битола и козметичко студио Фина од Битола. Исто така беше одлучено договорот за попуст да се прати до претседателите на регионалните одбори на Комората.

Во врска со усвојување на финансиски план за 2014 година комисијата одлучи да побара од новото книговодствено биро до 30.06.2014 година да се достават податоци за финансиското работење на Комората во периодот од 01.01. до 31.05.2014 за да може врз таа основа да се предложи план за користење на финансиските средства за периодот јуни-декември 2014. Д-р Марија Андоновска ги информираше присутните дека барање за усвојување на буџет за второто полугодие од 2014 година било доставено и од Извршниот одбор на Комората со оглед на претстојните активности како конгресот на К4 и друго.

Воедно, се покрена прашањето за намалување на чланарината или обезбедување поволности за невработените доктори – членови на Комората. Откако се разгледаа повеќе предлози и варијанти се констатираше дека единствена можност за олеснување на финансиските обврски на невработените доктори е да се обезбеди по еден КМЕ настан годишно кој невработените доктори ќе можат да го посетуваат бесплатно, со доставена потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.