ЗАПИСНИК Комисија за развој на стоматолошкиот здравствен систем (02.06.2014)

02-572/2

З А П И С Н И К

 

од II – та седница на Комисијата за развој на стоматолошкиот здравствен систем на Стоматолошката комора на Македонија, одржана на ден 02.06.2014 година.

На седницата беа присутни: д-р Марија Андоновска – претседател, проф. д-р Силвана Георгиева, д-р Благоја Петров, д-р Георгина Петрушевска, д-р Зафер Сулејмани, д-р Мирослав Велковски, д-р Предраг Серафимоски и д-р Ѓорѓи Тодороски, а отсутни беа д-р Гордана Филипова и д-р Сабетим Черкези како претставник на Извршниот одбор со најавено оправдано отсуство. Откако утврди кворум за одржување на седницата, претседателот на Комисијата, д-р Марија Андоновска го предложи следниот:

Д Н Е В Е Н       Р Е Д

 

  1. Усвојување на записникот од првата одржана седница
  2. Активности на Комисијата за развој на стоматолошки здравствен систем
  3. Разно

Предлог – дневниот ред едногласно беше усвоен без промени и дополнувања.

Точка 1. Записникот од првата одржана седница беше едногласно усвоен.

Точка 2. Претседателката на Комисијата д-р Марија Андоновска ја започна седницата со предлог дасе изработи нов концепт и нова стратегија за развој на стоматологијата во период од 2014-2020 година. Проф. д-р Силвана Георгиева даде предлог да се даде повеќе време за да може предлогот на д-р Андоновска детално да се разгледа за да се има поголема ефикасност во работата. Д-р. Андоновска даде предлог да се формираат и работни тимови,а доколку е потребно и надворешни групи кои ќе помогнат да се изработи новата стратегија за развој на стоматологијата. Д-р Тодороски даде предлог во преговорите со ФЗО зголемувањето на спредствата за капитација да се оправдаат со вложувања во доедукација и нова опрема. Исто така да се прават и повеќе работилници од кои докторите ќе можат повеќе да го надоградуваат своето знаење. 1% годишно од капитацијата да се инвестира во нова опрема.

ЗАКЛУЧОККомисијата си ги распредели надлежностите по области:

–         Д-р. Георгина Петрушевска, д-р Гордана Филипова и д-р Зафер Сулејмани во ортодонција, орална хирургија и протетика

–         Проф. д-р Силвана Георгиева во превенција, болести на уста и детска и превентивна стоматологија

–         Д-р Мирослав Велковски, д-р Благоја Петров и д-р Ѓорѓи Тодороски во примарна стоматолошка здравствена заштита

–         Д-р Предраг Серафимоски во терциерна стоматологија

Претседателката на Комисијата д-р Андоновска даде предлог сите предлози и идеи да се испрата кај д-р Георгина Петрушевска во рок од две недели.

Точка 3. Под оваа точка Комисијата разговараше за измените и надоградбата на старата стратегија,да се намалат цените на работилниците затоа што се многу високи,да се изменат и бодовите односно бројот на бодовите од предавањата да не е ист со бројот од бодовите од работилниците,во првата фаза да се фокусираат на стратешкиот план, а понатаму да се разгледуваат протоколите.

Претседателката д-р Марија Андоновска ги извести членовите на Комисијата дека од 10 до 12 октомври во Скопје ќе се организира К-4 во Дом на АРМ и им предложи на членовите на Комисијата дека доколку сакаат можат да се вклучат во организацијата и дека до крајот на месец август учесниците на Конгресот ќе можат да ги пријават своите трудови. Исто така ги извести и дека е завршена ревизијата и дека таа ќе се разгледува на Извршен одбор и Собрание. Д-р Ѓорѓи Тодороски предложи следните состаноци да се одржуваат во неработни денови односно во сабота. Комисијата се договори следната седница да ја одржи за две недели.

 

 

Претседател на Комисија за развој на стоматолошки здравствен систем

Д-р Марија Андоновска