ЗАПИСНИК КОМИСИЈА ЗА СТАТУТАРНИ И ПРАВНИ ПРАШАЊА (28.04.2014)

ОД ПРВАТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА СТАТУТАРНИ И ПРАВНИ ПРАШАЊА НА СКМ

На стартот од седницата беше констатирано дека Комисијата за статутарни и правни прашања е во полн состав, освен назначениот член од Извршен одбор за работа со оваа Комисија, д-р Маријан Денковски.

Усвојување на предлог-дневен ред

Дневниот ред без измени и дополнувања беше усвоен.

  1. Разгледување на актите на комората

Согласно првата точка на Дневниот ред, д-р Китановскиги запозна членовите на комисијата дека од актите на СКМ, кои се наведени во Статутот во член 89, недоставува Деловник за работа на Извршниот одбор и Правилник за организација и систематизација на Стручната служба на Комората.

  1. Разгледување на записникот од изборно конститутивните седници на Собранието на СКМ

Членовите го разгледаа Записникот од последната собраниска седница во којшто се внесени последните статутарни измени за да ги констатираат истите.Копија од Записникот без потпис на претседателот на Собранието беше доставен во текот на седницата.Членовите од Комисијата, побараа дополнително време за детално да се запознаат со Статутарните промени во Записникот, па оттаму и на следната седница ќе биде донесена одлука врз база на нивно произнесено мислење.

  1. Предлог план за активности за следниот период на Комисијата за статутарни и правни прашања

Д-р Китановски ја задолжи Стручната служба, до секој член од Комисијата за статутарни и правни прашања да ги достави сите правилници на Комората, како и последните измени на Законот за здравствена заштита и Статутот на СКМ со цел, Комисијата да работи на нивно усогласување.Исто така, ги задолжи членовите на Комисијата детално да се запознаат со овие правни акти на Комората како и да ги проучат актите на коморите од другите држави се со цел збогатување на своите знаења и нивно имплементирање во работата на Комисијата.

  1. Разно

Д-р Беби Ласоски истакнаа дека во работењето на Комисијата им е неопходна и правна помош, односно побараа правник-консултант, кој од свој агол ќе ја констатира законитоста на измените и дополнувањата на актите на Комората кои ќе бидат изготвени од статутарната Комисија,во што се согласија сите членови на Комисијата.

Од страна на претседателот на Комисијата, д-р Драган Китановски, членовите беаинформирани дека во изминатиот четиригодишен период Комисијата за статутарни и правни прашања не одржала ниту една седница, а воедно беа запознаени со програмата на претседателот на Комората, професор Владимир Поповски, за неговите примарни цели, меѓу кои се и измени во Статутот за негова практична примена со транспрентност и јасно дефинирани права и обврски, но и одговорности за секој субјект во СКМ како и за тоа во која насока би се одвивале активностите на новото раководство за следниот четиригодишен мандат.Д-р Ридван Алили даде забелешка, материјалите да се испраќаат однапред, со цел да се има доволно време за подготовка.

Претседател на Комисија за статутарни и правни прашања

Д-р Драган Китановски