ЗАПИСНИК НА КОМИСИЈА ЗА СТРУЧНИ ПРАШАЊА (23.04.2014)

Своето отсуство го имаше најавено д-р Ќенан Ферати.

Краток вовед даде професор Илијана Муратовска која отпрвин се заблагодари за довербата што ја има добиено од претседателот на Комората и раководството на СКМ да биде член на оваа важна Комисија и најави дека претседателството на Комисијата за стручни прашања, според последните измени на Статутот, ќе биде ротирачко.

Професор Илијана истакна дека со Одлука на Извршниот одбор, за координатор со Комисијата за стручни прашања е именуван проф.д-р Владимир Поповски – претседателот на Комората кој со своето искуство може да даде голем придонес во работењето на седниците и да воспостави линк помеѓу ИО и Комисијата за стручни прашања. Професор Муратовска објасни дека проф. Поповски, поради ангажманот што го има околу Конгресот на максилофацијалните хирурзи, не е присутен на првата седница.

По усвојувањето на дневниот ред дискусијата премина на првата точка од дневниот ред.

1.По однос на констатирање на кои организатори на стручни собири, според доставените документи до Комисијата за стручни прашања, условот за акредитација на организатори го имаат исполнето: МСД, Стоматолошко здружение Етернитас, Стоматолошко здружение на Македонија и ЗПЗСУИ.

Одлука:

На организаторите на стручни собири кои според доставената документација ги имаат исполнето сите законски и подзаконски услови, како и одредбите дефинирани со одлука на Комисијата за стручни прашања и органите на Комората, да им се издадат решени за акредитирани организатори на стручни стоматолошки собири.

Акредитацијата на организаторите е со траење од четири години.

Акредитираните организатори на стручни стоматолошки собири се задолжуваат пред почетокот на секоја календарска година да ги ажурираат податоците по однос на тековната состојба на друштвото или здружението или евентуална промена во составот на раководството, на органите и телата на друштвото/здружението.

ЗАБЕЛЕШКИ ПО ОДНОС НА ДОСТАВЕНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА КСЕ:

Друштвото за стоматолози Македонија да достави:

-да достави листа на членови на Стручен одбор на Друштвото од кои повеќе од половина ќе бидат со референца, а прифаќањето за оваа функција ќе го потврдат со своерачен потпитс на листата или изјава дека ја прифаќаат обврската што им е дадена од Друштвото,

-документ/одлука или статутарна опфатеност за тоа кои здруженија се во склоп на Друштвото и број и листа со имиња на членовите на секое здружение одделно.

Стоматолошко друштво на Албанците:

-во пријавата за стручниот настан што треба да се одржи на 16.03 2013 фалат: општа тема, посебни теми и предавачи и референци за предавачите а собирот треба целосно да се најави најдоцна три месеци пред одржувањето,

-да достави листа на членови на Стручен одбор на Друштвото од кои повеќе од половина ќе бидат со референца, а прифаќањето за оваа функција ќе го потврдат со своерачен потпитс на листата или изјава дека ја прифаќаат обврската што им е дадена од Друштвото,

-документ/одлука или статутарна опфатеност за тоа кои здруженија се во склоп на Друштвото и број и листа со имиња на членовите на секое здружение одделно,

-тековна состојба за Друштвото.

Стоматолошкото здружение на стоматолози – Струмица:

-да достави Стручен одбор во којшто најмалку половина се со референца,

ОДЛУКА

На организаторите на стручни собири кои според доставената документациј до Комисијата за стручни прашања на Комората ги немаат исполенето условите за акредитација да им се достави список со забелешки од Комисијата за стручни прашања со услови кои треба да ги исполнат како организатори за да може да аплицираат за акредитирани организатори на стручни собири.

Се задолжуваат неакредитираните организатори сите услови за акредитација да ги исполнат со доставување на соодветна документација најдоцна за 10 работни дена сметано од 28.04.2014 година.

3.По однос на акредитирањето и бодирање на доставените барања за новите стручни собири од организаторите да се бара да прецизираат податоци за точното место на настанот, можностите на салата и останатите технички усллови, како и сите референци за предавачите и темите и апстрактите за предавањата. Истовремено, членовите на Комисијата дискутираа од можностите за формирање на стручен борд при МСД кој првично би ја одредувал категоризацијата и квалитетот на најавените стручни собири.

По однос на веќе доставените пријави за акредитација и бодирање:

-Барањето на Здружение на специјалисти по детска стоматологија (МСД) што ќе се одржи на 17.05.2014 се акредитира како симпозиум со 12/ 8 бода.

Супервизори: проф.д-р Илијана Муратовска и проф.д-р Анета Атанасовска Стојановска.

-Барањето на Стоматолошко друштво на Албанците во Струга што ќе се одржи на 17.05.2014 се акредитира како симпозиум со 12/ 8 бода.

Супервизори: проф.д-р Ана Миновска, сци.д-р Киро Папакоча.

Здружение на специјалисти по стоматолошка протетика (МСД) што ќе се одржи на 31.05.2014 се акредитира како симпозиум со 12/ 8 бода.

Супервизори: проф.д-р. Билјана Капушевска и м-р Недим Касами.

Барањето на Здружение на специјалисти по болести на забите и ендодонетите што ќе се одржи на 24.05.2014 се акредитира како симпозиум со 12/ 8 бода.

Супервизори: проф.д-р Ивона Ковачевска и проф.д-р Владимир Поповски.

Папакоча.

4.По однос на четвртата точка од дневниот ред Комисијата со

Одлука

Базата со испитни прашања за доктори на стоматологија кои завршиле шестгодишни, односно петгодишни студии да се обнови со нови прашања од секоја област.

Се задолжуваат стоматолошките факултети да достават по 30 прашања од секоја област најдоцна до 1 јуни 2014.

Стручната служба на Стоматолошката комора да достави допис до сите стоматолошки факултети во којшто ќе биде наведена одлуката и образложение за истата.

-Доктор Недим со барање во базата да се внесат и преводи од истите праша за стручен испит за студентите кои не го говор доволно добро македонскиот јазик. Со писмо до сите факултети да се достави одлуката на Комора.

5.По однос на пазгледувањето на актуелниот Правилник за континуирана стоматолошка едукација и Предлог-правилник од 2012 доставен до Министерството за здравство и одлука за донесување на нов правилник за контитуирана едукација, Комисијата за стручни прашања со заклучок дека во двете следни седници целиот комисиски состав треба заеднички да ги помине двата правилника, член по член – точка по точка да се читаат правилниците и да биде донесен нов правилник кој треба да се достави до министерот за здравство на РМ на усвојување, со план најдоцна до 20.05. 2014 да биде изготвен нов правилник за континуирана едукација за најдоцна во јуни да биде одобрен заедно со останатите подзаконски акти на Комората.

6.Комисијата за стручни прашања со

Одлука:

Комисијата за стручни прашања, согласно статутарните измени, да има ротирачко претседателство со мандат од четири месеци којшто ќе се повторува, на принципот прво да заседава претставникот од УКИМ, па од Универзитетот во Штип, Универзитетот во Тетово и Европскиот Универзитет.

7.Web-страницата да претрпи измени, во смисла на помодерен изглед и информации поделени според важност и актуелност во одреден период, а воедно да има и можност за надградба со линкови до сродни институции и асоцијации во државата и во светот.

Претседател на Комисија за стручни прашања

Проф.д-р Илијана Муратовска