Средба на претседателот на Стоматолошката комора на Македонија д-р Маријан Денковски и делегација на Комората со делегација на Германската федерална стоматолошка комора и парламентарната Комисијата за здравство.

Претседателот на Стоматолошката комора на Македонија со делегација на Комората, ја оствари првата средба со парламентарната комисија за здравство на новиот состав на Македонското собрание на која присуствуваше делегација на Германската федерална стоматолошка комора. Средбата ја отвори претседателката на Комисијата, Рашела Мизрахи, која информира дека ова е добра можност за размена на искуства и идеи.…