ИЗВЕСТУВАЊЕ

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ВО ДЕКЕМВРИСКА СЕСИЈА 2024

Согласно Правилникот за составот на испитната комисија, начинот на полагање на стручниот испит, начинот на проверката на стручните знаења и вештини и обрасците на уверението за положен стручен испит на здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата (Сл.весник на РСМ бр. 148/20),полагањето на стручниот испит го спроведува Стоматолошката комора на Македонија во испитни сесии и тоа: во февруарска, априлска, јунска, септемвриска и ноемвриска испитна сесија, но по потреба, заради зголемен број на кандидати може да  се определат и други испитни сесии за полагање на стручниот испит.

Сите заинтересирани кандидати за полагање на стручен испит кои ги исполнуваат условите,  да се пријават во Стоматолошката комора на Македонија за полагање на стручен испит во ДЕКЕМВРИСКА СЕСИЈА 2024, најкасно до 15.11.2024 година.

СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА