Почитувани членови на СКМ,
Ве известуваме дека Комисијата за стручни стоматолошки прашања формирана од Министерството за здравство по Решение бр. 17-4931/64 од 06.10.2025 година ги акредитираше следните облици на континуирано стручно усовршување:
- Здружение на специјалисти по стоматолошка протетика МСД Скопје – симпозиум со меѓународно учество што ќе се одржи на 29.11.2025г., бодуван 8/12
- Здружение на ортодонти,хирурзи и оромаксилофацијални хирурзи Аполон Тетово – симпозиум со меѓународно учество што ќе се одржи на 06.12.2025г., бодуван 8/12
- Дентално имплантолошко здружение – ЕДИ Скопје – симпозиум со меѓународно учество што ќе се одржи на 07.12.2025г., бодуван 8/12
- Здружение на специјалисти по болести на устата и пародонтот МСД – Скопје – симпозиум со меѓународно учество што ќе се одржи на 13.12.2025г., бодуван 8/12
Со почит,
Стоматолошка комора на Македонија



