Со длабока тага ја објавуваме веста дека нашата драга колешка и член на нашата Комора,
спец. д-р Ирена Колевска, прерано и ненадејно не напушти.
Д-р Ирена Колевска е родена на 10.01.1974 година. Во 1999 година дипломирала на
Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во 2007
година се стекнала со звање специјалист по стоматолошка протетика. Својата стручна и
професионална пракса и искуство ги стекнуваше во споствената специјалистичка
ординација по стоматолошка протетика ПЗУ СОСП д-р Ирена Колевска.
Д-р Ирена Колевска ќе остане запаметена како исклучителен доктор и професионалец,
посветена на пациентите и на соработката со колегите, а нејзиниот ведар дух ќе остане во
сеќавањата на нејзините најблиски, како и колегите и пријателите.
Стоматолошката комора на Македонија изразува искрено и длабоко сочувство до
семјството, пријателите и соработниците на спец. д-р Ирена Колевска.



