На овој состанок беше разгледуван предлогот за утврдување на минималниот надомест за месечните трошоци за давање книговодствени услуги донесен од ИСОС. Ставот на трите комори е правење ревизија и укажано е дека нивните ставови се некоректни. Од СКМ е побарано да се даде период на адаптација за примена на критериумите за утврдување на цените на сметководствените услуги во наредниот период. Следниот состанок е закажан за крајот на август месец со Управниот одбор на ИСОС.  По однос на ова се замолуваат колегите да не потпишуваат обврзувачки договори со сметководителите додека не се донесе конечна одлука во преговорите со нив која ќе биде поволна за сите колеги.

Со почит,

Стоматолошка комора на Македонија

Претседател

Проф. д-р Владимир Поповски

 

Повеќе…