Почитувани колешки и колеги,

По добивање на допис од ФЗОМ поврзан со воведување на квалификуван сертификат во делот од електронските услуги од ИТ системот на Фондот од 25.10.2018 година тимот на Стоматолошка комора на Македонија стапи во контакт и одржа серија на состаноци со единствените два добавувачи на сертификати КИБС и Телеком.
По добиените информации сакаме да Ве информираме за следново:

1.Дигитални сертификати се воведуваат како замена за ЕЗК и тие ќе МОРА да ги поседува секој кој има треба да го потпише новиот договор со ФЗОМ ( примарно и специјалистичко ниво).
2.Засега информациите се дека оние кои имаат важечки ЕЗК ќе може да ги користат до нивен истек , а подоцна ќе мора да си набават дигитален сертификат, неофицијалнa информација е дека СЕПАК СИТЕ потписници на договори ќе мора да имаат дигитален сертификат без оглед на важност на ЕЗК- за оваа информација се очекува само денот на објавување од страна на ФЗОМ).
3.Дигитални сертификати може да се со важност од 1-3 години (КИБС) и до 5 години (Телеком)
4. Дигитални сертификати може да се само со намена за комуникација со ФЗОМ (како физички лица ) и со проширена севкупна употреба( како правни лица ) во целиот дигитален систем во РМ( УЈП, банки, Централен регистар , е-плаќање итн)

ЗАКЛУЧОК:

По наведените информации побаравме понуди од КИБС и Телеком и раководниот тим се одлучи Комората да склучи договор со КИБС со што заради добивање на пониска цена потребно е Комората да се јави како купувач на сертификатите , а заинтересираните доктори може преку Комората да се снабдат со истите.
СКМ склучи договор само за сертификат кој се издава на 3 години во континуитет, што значи дека обновувањето на сертификатот е по 3 години од издавањето, се издава еднократно без дополнителен трошок за негова активација и инсталација и само еднаш се прикачува во апликациите на фондот а се користи се до негово обновување.

ВАЖЕЧКИ ЦЕНИ со договор со Комората за сертификати со токен за три(3) години со КИБС

* 2950,00 ( за физички лица за употреба со ФЗОМ)

* 4850,00 ( за правни лица со широка употреба, а не само со ФЗОМ)Постапка за добивање ТОКЕН СО СЕРТИФИКАТИПостапка за добивање ТОКЕН СО СЕРТИФИКАТИ

ПРОЦЕДУРА:

1.Заинтересираниот редовен член на Комората се обраќа со барање до СКМ на:

е-маил: ivana@skm.mk ,
со дадени податоци за име презиме, број на лиценца,тел.број на мобилен , адреса на живеење и ПЗУ каде е вработен. (со податок дали е потписник на договорот или е само вработен)

и ја извршува уплатата со следни податоци :

Постапка при уплата :

Точно име и презиме ( кога се уплаќа од ординација да се напише и име и презиме на доктор на чије име ќе се издаде токенот)
Жиро сметка :300000000477179, Комерцијална Банка
Цел на дознака : за токен
Уплата на ……………….2950,00 денари

*препорака е да уплаќате во било која банка , а не во пошта!

2.По евидентирана уплата од Комората повратно на истиот маил најдоцна во рок од 24 часа ќе се добие информација за понатамошна постапка и Ви се испрати потврда (КОД ) на Вашиот број на мобилен телефон со кој се пријавувате и ја започнувате процедура во КИБС за понатамошна техничка постапка поврзана со инсталирање на сертификатите
*( ЗА ОВА ОТВОРЕТЕ ГО ДРУГИОТ ПОСТАВЕН ДОКУМЕНТ СО ТОЧНА ПОСТАПКА ДОСТАВЕН ОД КИБС)

3.КИБС си ја превзема својата обврска за профункционирање на сертификатите

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОСТАПКАТА

Ивана Велјановски

075208967

Со почит,

Стоматолошка комора на Македонија