СООПШТЕНИЕ
За начинот на поднесување на барање за продолжување на
договори и потпишување на анексите на договорите / договорите
за 2019 година со сите здравствени установи
На денешната средба што се одржа во просториите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот со Лекарската комора на Македонија, Стоматолошка комора и Фармацевтска комора се договорија:
- Барањата за продолжување на договорите за општа медицина, гинекологија, општа стоматологија, аптеки, приватни специјалисти, приватни специјалисти стоматолози и лаборатории, да се поднесуваат електронски преку веб порталот на Фондот верификувани со квалификуван дигитален сертификаи или со валидна ЕЗК на управителот на здравствената установа.
Фондот излезе во пресрет на барањата на надлежните комори за можноста од користење на ЕЗК се до обезбедување на дигиталниот квалификуван сертификат од страна на овластените лица од здравствените установи и тоа до крајот на годината.
- Фондот го продолжи рокот за поднесувањена барање за продолжување на договорите со сите здравствени установи заклучно до 20.12.2018 година.
- Постапката за поднесување на барање за продолжување на договорот и потпишување на анексите на договорите, односно договорите за сите здравствени установи кои веќе имаат обезбедено квалификуван дигитален сертификат, континуирано се врши.
- Здравствените установи кои сеуште немаат набавено квалификуван дигитален сертификат, истиот треба да го набават до 25 декември, за да можат најдоцна до 31 декември да го потпишат анексот на договорот/договорот.
Фондот сака да укаже на важноста на потпишување со електронски дигитален сертификат на анексите на договорите/договорите за 2019 година и тоа:
На ниво на Европска Унија е донесена регулатива 210/2014 година во која е регулирана проблематиката на дигитланите потписи. Ова регулатива е задолжителна за примена во Земјите од ЕУ од средината на 2016 година. Во Република Македонија во фаза на донесување е новиот Закон за електронско управување кој целосно се усогласува со ЕУ регулативата во делот на дигиталните потписи. Според очекувањата овој Закон би требало да биде донесен во почетокот на наредната година. Во регулативата по која е работен и усогласуван Законот за електронско управување е изричито наведено: „своерачниот потпис на граѓанинот се заменува со квалификуван дитален сертификат. Квалификуваниот дигитален сертификат (потпис) го претставува дигиталниот идентитет на самиот граѓанин и истиот може да се користи како замена на своерачниот потпис на хартија во сите системи кои имаат овозможено користење на електронски услуги со потпис од квалификуван сертификат.
Фондот сака да појасни дека во пракса често се прави забуна дека всушност токенот е квалификуваниот дигитален сертификат. Токенот претставува само медиум на кого се запишува квалификуваниот дигитален сертификат. Она што е важно секој здравствен работник кој е потписник на договор или анекс со Фондот треба да поседува квалификуван дигитален сертификат.