Добитници на наградата од Светската стоматолошка федерација-FDI, за најдобра фотографија, по повод одбележување на Светскиот ден на оралното здравје за 2018 е стоматолошката ординација Д-р Нина.
FDI ја препозна енергијата и општествената одговорност која со години наназад оваа ординација ја одржувала преку бројни настани, едукации и кампањи посветени на оралната култура и здравје.
Изминатата година бил организиран и настан во основно училиште, кој опфатил активности прилагодени на сите возрасти на деца и се одржале презентации, креативни работилници и заедничко дружење.
Мотото за 2018 беше : “Think mouth, think health” (Мисли на твојата уста, мисли на твоето здравје).

И  следната 2019, тимот на стоматолошката ординација Д-р Нина, ќе продолжи посветено и неуморно да работи на грижата за оралното здравје, како и на едукација на младите уште од најрана возраст.