Претседателот на Стоматолошка комора на Македонија д-р Маријан Денковски денеска оствари работна средба со министерот за здравство д-р Беким Сали. Претседателот Денковски во свое име и во име на Комората му го честита изборот за министер на д-р Сали, му посака добро здравје и успешен мандат.
Срeдбата помина во конструктивна, работна и продуктивна атмосфера, а се разговараше за потребата за интензивирање на решавање на започнатите договори со министерството, започнување на нови активности како и за потребната поддршка од страна на министерот за поуспешно реализирање на заложбите за решавање на горливите проблеми на стоматологот. Средбата заврши со договор за редовен контакт, интензивна соработка, максимална посветеност и реализација на заедничките цели за унапредување на стоматолошката дејност од сите аспекти.