Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, како резултат од разговорите и преговорите со Лекарската комора на РСМ и Стоматолошката комора на РСМ, а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните лекари и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица, на последната седница на Управниот одбор, одржана на 26 декември 2022 година, донесе одлука, од први јануари 2023 година да ја зголеми вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63,00 на 75,00 денари. За избраните лекари стоматолози капитациониот бод се зголемува од 48,00 на 61 денари, по прикрепено осигурено лице .

ПОВЕЌЕ

(извор www.fzo.org.mk)