Почитувани,

Ве известуваме дека гласањето за избор на членови на Регионални одбори и делегати во Собранието на Стоматолошката комора на Македонија ќе се спроведе на ден 04.05.2023 година (четврток), во периодот  од 10:00 до 15:00 часот во сите Регионални одбори на Комората, на избирачките места определени од ЦИК. Во дополнителните избирачки места (Крива Паланка, Радовиш, Дебар и Ресен) гласањето ќе трае од 10:00 до 14:00 часот.

Локациите на кои ќе се спроведе гласањето за избор на членови на Регионални одбори и делегати во Собранието на Стоматолошката комора на Македонија, како и списоците со активни членови на Стоматолошката комора на Македонија по Регионален одбор, се прикажани во продолжение на ова известување.