На изборно-конститутивната седница на Собранието на Стоматолошката комора на Македонија, која се одржа вчера (16.05.2023 г.) во х. Континентал-Скопје, д-р Маријан Денковски е реизбран за Претседател на Стоматолошката комора на Македонија. Од присутните 51 делегат со верификуван мандат на Собранието, поддршка на д-р Денковски му дадоа 30 делегати, додека за вториот кандидат – Проф. д-р Цветанка Бајрактарова Мишевска гласаа 21 делегат. Претседателот Денковски во своето обраќање пред делегатите на Собранието даде краток преглед на активностите во изминатиот период и ја презентираше програмата за работа за следниот петгодишен мандат, при што истакна дека активностите ќе бидат насочени кон зајакнување на улогата на Комората како професионална организација со јавно овластување, заштита на правата и професионалните интереси на докторите на стоматологија и иницирање на реформи во здравствениот систем кои ќе креираат подобри услови за работа на стоматолозите и за третман на пациентите.
Собранието за нов претседател на Собранието го избра д-р Борис Стојанов, а за заменици на претседателот на Собранието на Комората едногласно се избрани д-р Ермир Зиба и д-р Томе Пиперевалиев.