-Унапредена мобилна апликација на Комората – можност за плаќање на членарината on line
Почитувани колеги,
По неколку годишен развој во соработка со македонската реномирана софтверска компанија NEXTSENSE, пуштен е во функција нов, најсовремен софтвер-регистар, изработен специјално за потребите на Стоматолошката комора на Македонија, кој освен што многукратно ја олеснува работата во Комората, ги нуди и сите поволности што ги носи новото дигитално време како и целосна заштита на личните податоци на членовите.
При најава на новата верзија на апликацијата во полето username повторно го впишувате бројот на лиценца во формат од 7 броеви (пр. 0000ххх или 000хххх без знaкот /1 или /2 или /3 и други броеви), а во полето password сега ги впишувате последните 6 (шест) броеви од Вашиот ЕМБГ со што се анулира можноста од упад во вашиот профол од други лица.
Како дел од тој софтвер е и најновата последна верзија на мобилната апликација SKM MKD и истата можете да ја преземете или апдејтирате од платформите на Google Play, App Gallery и App Store.
Почитувани, преку оваа апликација:
– ќе ги добивате сите важни соопштенија и новости од страна на Комората;
-ќе имате директна комуникција со веб страната на Комората;
-ќе имате информација за сите настани кои се во Годишниот план за КСУ на Комората;
-ќе добивате навремено известување за истекување на Вашата лиценцата и потсетување за обнова на истата;
– ќе имате увид во личното досие за освоени бодови, посетени настани;
-ќе имате персонализиран, личен QR CODE, со кој го потврдувате присуството на настаните од КСУ, а воедно се олеснува и регистрацијата без подолго чекање, а бодовите директно се додаваат во Вашето досие без потреба од носење или испраќање на сертификати од домашните настани во Комората
и
како најново олеснување и унапредување на апликацијата е можноста за плаќање на членарината во Коморат преку самата апликација (on line) со што се исклучува потребата од одење во банка и плаќање на провизии;
При било какви потешкотии околу најавата во апликацијата или при плаќање преку истата Ве молиме да се обратите во службата на стоматолошката комора.