Д-р Звезда Кочов е родена на 30.03.1982 во Радовиш, дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 2008 година, а специјализирала орална хирургија на истиот факултет во 2014 година.
Од 2008 до 2013 година, д-р Кочов работи како доктор по општа стоматологија во ПЗУ Дента Лукс – Радовиш и и ПЗУ Орал Арт – Велес, а по положувањето на специјалистичкиот испит во 2013 година, работи како специјалист по орална хирурија во ПЗУ Орал Арт – Велес.
Д-р Кочов е истакнат член на Стоматолошката комора на Македонија од регионалниот одбор Велес, а од 2018 – 2023 година е и член на Судот на честа на Стоматолошката комора на Македонија.
Д-р Звезда Кочов ќе остане запаметена како исклучителен доктор и човек, високо почитувана од колегите и пациентите.