Стоматолошката комора на Македонија, со длабока тага и неверување ја прими веста за трагичниот настан во Кочани, каде сме сведоци на многу изгубени млади животи и многу повредени млади луѓе. Трагедија од огромни размери, која остава огромна болка кај сите нас.
Од името на СИТЕ ЧЛЕНОВИ на комората, изразуваме сочуство до семејствата на трагично починатите со длабока тага. Посакуваме брзо оздравување на повредените од овој немил настан.
Тимот на Стоматолошката комора на Македонија со сите членови на регионалните одбори, во името на сите стоматолози, ја споделуваме оваа национална тага со семејствата на починатите и повредените.
Никогаш да не се повтори.
