Средба на Министерот за здравство на Република Северна Македонија со Стоматолошката комора на Македонија, со претседателот Др. Маријан Денковски и раководителот на правниот сектор на Комората м-р Ана Ангелеска.
Претставници на Комората го информираа министерот за состојбата во која е стоматолошката дејност, како и за нај актуелните прашања кои бараа брзо решение.
Заклучок од одржаниот состанок е итно изготвување на Правилникот со кој ќе се надмине нереализирањето на законската измена по однос на отворање и регистрирање на стоматолошки поликлиники, како и продолжување на распишување на јавни повици за специјалисти во мрежа, воведување на нови стоматолошки услуги при изготвување на решенија за нови ординации, поддршка за отворање на ноќни итни стоматолошки амбуланти во поголеми општини (пр.Кочани, Гевгелија итн), отворање на регионални центри за пружање на стоматолошки услуги на лица со хендикеп, посебни потреби итн. (Штип, Битола, Тетово).
Договорена е динамиката на реализирање како и нова средба во најскоро време.