СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И РАКОВОДСТВОТО НА СТОМАТОЛОШКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
Членарина, Минимални (референтни) цени, Правилник за рекламирање на стоматолошките установи и се друго што Ве интересира
Почитувани,
Ве покануваме на online состанок со претседателот и раководството на Стоматолошката комора на Македонија, преку платформата Zoom. Состанокот ќе се одржи на 28.06.2024 (петок) со почеток во 12:00 часот.
Состанокот ќе започне во 12.00 часот, а ќе заврши кога ќе се исцрпат сите теми за кои има прашања и истиот ќе биде од отворен карактер, односно ќе може да се вклучат сите заинтересирани членови на Комората. За да учествувате на состанокот мора да ја инсталирате апликацијата Zoom на Вашиот телефон или компјутер.
Секој кој е заинтересиран да постави прашање, може да го постави пред средбата на skm@skm.mk, но и за времетраење на средбата (во CHAT или во Q&A ) по што ќе добијат одговор од претседателот и раководството на Комората.
Ве очекуваме и ги очекуваме Вашите прашања за нештата да станат појасни.
Линк за состанокот (ВКЛУЧИ СЕ)