Во 74-та година од животот почина спец. д-р Тодор Пашоски, доктор на стоматологија од Кочани.
Д-р Пашоски дипломирал на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На истиот факултет завршил специјализација по стоматолошка протетика. Работниот век го завршил во специјалистичката ординација по стоматолошка протетика ПЗУ “Д-р Пашоски“. Со својата стручност и професионален однос, се стекнал со почит кај колегите и пациентите. Д-р Пашоски активно учествувал и во општествениот живот на градот. Од 2003-2004 година ја извршувал функцијата градоначалник на општина Кочани, а од 2000 до 2003 година бил Претседател на Советот на општина Кочани.
Д-р Пашоски активно учествуваше во работата на Стоматолошката комора на Македонија. Во неколку мандати беше член на Комисијата за редовен стручен надзор за Регионалниот одбор Кочани.
Стоматолошката комора на Македонија изразува длабоко сочувство до семејството, колегите и пријателите на д-р Тодор Пашовски.