На 11.08.2024 на 84 годишна возраст почина Примариус спец. д-р Ѓорѓи Калајџиески . Роден 21.01.1940год во Струга. Завршил заботехничко училиште во 1958год. Три години после матурирањето работел како забен техничар во Струга, за да после тоа запише стоматолошки факултет во Скопје и успешно и во рекордно време го заврши истиот како трета генерација дипломирани стоматолози во Македонија. Неговата стручна надоградба не завршува тука, после успешно завршување на стоматолошкиот факултет, запишува специјализација на Ортодонција, ортопедија на вилици и заби со протетика. По успешно завршената специјализација, како еден од најсолидните кадри му било понудено место на стоматолошкиот факултет во Скопје ,но неговата скромност и желба да се надоградува низ неговата пракса го враќа во Струга. Како еден од никулците на Стоматологијата во Струга придонесува за развојот на истата во тој крај. Учесник на бројни симпозиуми, меѓународни собири, конгреси, на ниво на нашата држава но и на ниво на тогашна Југославија со лични негови теми, трудови, прикази на случаеви. Таквиот ентузијазам и квалитет е препознаен и д-р Ѓорѓи Калајџиески е одликуван со титула примариус како едно од највисоките називи што може да го добие еден стоматолог специјалист практичар во својата работна кариера. Единствен во Западна Македонија, стоматолог примариус. Одликуван со златна плакета во тогашна Југославија, и одликуван со благодарница во неговите пензионерски денови од Стоматолошката комора на Македонија за особен придонес и развој на стоматологијата. Примариус Д-р Ѓорѓи Калајџирски ке остане запаметен како осневоположник и темел на струшката стоматологија , како исклучителен доктор и човек, високо почитуван од колегите и пациентите. Нека почива во мир.