На 16.09.2024 година претседателот на Стоматолошка Комора на Македонија Маријан  Денковски, заедно со еден од замениците, Јордан Стојаноски, во просториите на Министерство за здравство, се сретнаа со министерот за здравство Арбен Таравари.

По средбата која се одржа во просториите на Лекарската комора на Северна Македонија, на 16.08.2024 година, на која учествуваа претседателите на трите здравствени комори  во нашата држава и на која Коморите истакнаа дека остануваат посветени на соработката со Министерството за здравство и се подготвени активно да учествуваат во процесот на реформите, на предлог на министерот Таравари, беше договорена и редовна динамика на средби и активно вклучување на коморите во реформските процеси.

Билатерална средба помеѓу министерот Таравари и Комората помина во уште поконструктивна атмосфера, при што со максимално меѓусебно почитување и разбирање се договорија насоки на понатамошно заедничко делување на Министерство за здравство и Комората, како и термин за нова средба во најскоро време, до крајот на месец Септември.