
Со длабока тага ја објавуваме веста за прерано починатиот колега Др.Минур Мемишоски од Лабуништа -Струшко.
Др.Минур е роден на 21.01.1983 во Струга.Основно образование завршил во своето Лабуништа а по завршувањето на средното образование се запишува на Стоматолошкиот факултет во Скопје.По своето дипломирање започнува со работа во сопствената ординација Пзу Дизајн М Дентал во родното Лабуништа како матичен стоматолог.
Учествувал во работата на телата и органите на стоматолошката комора,а од 2023 беше член на регионален одбор Струга .
Неговиот придонес во стоматологијата и неговата посветеност кон пациентите ке останат трајно врежани во спомените на сите што го познаваа.
Др.Минур ке остане запаметен како човек со ведар дух,извондреден доктор секогаш почитуван од колегите и соработниците.
Слава му.