Почитувани,
Ве известуваме дека од страна на Министерството за здравство е спроведен надзор во Стоматолошката комора, по што е доставено Известување од министерот за здравство бр. 17-2579/2, со задолжение да се отстранат констатираните недостатоци и неправилности, кое Ви го доставуваме во прилог.
Комората, ја искажа својата подготвеност за надминување на наведените забелешки во Известувањето од Министерот за здравство, а во таа насока сите склучени договори со Друштвата за периодот од 26.06.2024 година до 22.06.2025 година ги суспендира во делот на здруженијата во состав на Друштвата.
ИАКО СТАВОТ НА КОМОРАТА ОСТАНУВА НЕПРОМЕНЕТ и сметаме дека регистрационата форма е прашање на друштвата, почитувајќи го Министерството како орган надлежен за вршење надзор над работата на Коморите во вршење на јавните овластувања, Комората по приемот на Известувањето ПОСТАПИ и презеде соодветни дејствија, преку Комисијата за стручни стоматолошки прашања.
И покрај фактот што Македонско стоматолошко друштво (МСД) и Стоматолошко друштво на Албанците (СДА), и Друштвото на доктори на дентална медицина на Македонија Куманово (ДДДММ), во тековните состојби издадени од Централен регистар имаат ист организационен облик 10.4. и имаат идентичен статус, а согласно нивниот Статут своите цели и задачи ги остваруваат преку здруженијата во состав, должни сме да постапиме согласно Известувањето од министерот за здравство.
Правната битка ќе продолжи!