Стоматолошката комора искажува задоволство од исполнетото ветување на Фондот за покачувањето на бодот, но со забелешка дека од страна на ФЗО се очекува во најскоро време да го исполни следното ветување, т.е. вредноста на бодот 85 денари!
Останува како нерешено прашањето, до кога ФЗО ќе се држи на политика на непроменети цени за услугите кои матичните пациенти ги плаќаат во примарните стоматолошки ординации од 2008 година (кој за срамота не е сменет 17 години) и дали навистина Фондот смета дека на пр. вадењето на траен таб со анестезија уште треба да е 200 денари?