
На ден 23.06.2025 година, на 76-годишна возраст проф. д-р Марија Зужелова, редовен професор во пензија на Катедрата за ортодонција при Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Проф. д-р Зужелова е родена на 13-ти ноември 1948 година во Скопје. Средно образование завршила во Училиштето за забари и забни техничари во Скопје во 1967 година, а на Стоматолошкиот факултет во Скопје дипломирала во 1973 година. Со звањето специјалист по ортодонција се стекнала во 1977 година. Магистерскиот труд го одбранила на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1983 година, а докторската дисертација ја одбранила на Стоматолошкиот факултет во Белград, со што се здобила со научниот степен доктор на стоматолошки науки од областа ортодонција.
Проф. Зужелова целиот свој работен век го поминала на Стоматолошкиот факултет во Скопје, како и на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. „Пантелејмон“ во Скопје, каде била и раководител на Клиниката за ортодонција во периодот од 1996-1998 година.
Публицистичката дејност на професор Зужелова опфаќа повеќе од 100 научни и стручни трудови објавени во домашни и странски списанија.
Проф. д-р Зужелова ќе остане запаметена како извонреден доктор и професор, како и исклучителна личност која несебично го посвети својот живот на стоматологијата и помагање на другите.
Погребот на проф. д-р Марија Зужелова ќе се одржи во четврток, 26.06.2025 година на градските гробишта Бутел, од 10 часот.
Стоматолошката комора на Македонија изразува длабоко сочувство до семејството, колегите и пријателите на проф. д-р Марија Зужелова.