Почитувани,
Се определува испитна сесија за полагање на стручниот испит на здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата, во декемвриска испитна сесија 2025 година.
Сите заинтересирани кандидати за полагање на стручен испит кои ги исполнуваат условите, да се пријават во Стоматолошката комора на Македонија за полагање на стручен испит во ДЕКЕМВРИСКА СЕСИЈА 2025, најкасно до 05.12.2025 година.
За сите дополнителни прашања, може да се обратите на Раководителот на Секторот стручни испити и обуки – Флорентина Кајоли, на маил florentina.skm@gmail.mk или на моб. 075 208 971.
СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА



