Почитувани, Ве известуваме дека бодовите од континуирано стручно усовршување согласно член 22 став 2 од Правилникот за КСУ, се пресметуваат од датумот на последното издавање на лиценцата за работа.
Бодовите од КСУ за една лиценцна година (за која се потребни 20 бодови) се сметаат од ДАТУМОТ НА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦАТА ЗА РАБОТА, ДО ИСТИОТ ДАТУМ СЛЕДНАТА ГОДИНА.
Една лиценцна година НЕ Е ИСТО со една календарска година, односно 31.12. НЕ Е ПОСЛЕДЕН РОК за исполнување на условот од 20 бодови годишно.
Наведеното не се однесува на докторите кај кои една лиценцна година е еднаква со една календарска година, односно датумот на издавање на лиценцата за работа е на крајот на месец декември или почетокот на месец јануари.



