Почитувани колеги,
Ве информираме дека поради пресудата У4-бр.306/2025 од 03.09.2025 година на Управниот суд со која се поништи одуката за верификација на мандатите на избраните делегати во Собранието на Стоматолошката Комора на Македонија од 16.05.2025 год, како правна последица се поништи и изборот на сите органи и тела на Комората, како и сите одлуки донесени од истите.
Следствено на ова, Ве информираме дека е поништена и одлуката за зголемување на годишната членарина, која се враќа на старата цена од 1500 денари годишно. На сите колеги кои уплатиле годишна членарина по цена од 2400 денари, вишокот ќе им биде пресметан за наредните години.




