Соопштение за достапност на е-услуги на Министерство за дигитална трансформација
Стоматолошката комора на Македонија ги известува своите членови дека
преку Националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk, во надлежност на
Министерството за дигитална трансформација, се достапни електронски
услуги кои овозможуваат полесен и поедноставен пристап до одредени
документи и податоци по електронски пат.
Со цел членовите на Комората да се запознаат со можностите што ги нудат
овие услуги, во прилог е достапна листа со директни линкови за пристап
до електронските услуги.
Се повикуваат членовите на Стоматолошката комора на Македонија да се
информираат за достапните електронски услуги и, каде што е применливо,
да ја искористат можноста за електронско прибавување на потребните
документи и податоци преку Националниот портал за е-услуги.
Со користењето на електронските услуги се олеснува пристапот до
потребните информации и документи, се поедноставуваат административните
постапки и се придонесува кон поефикасно остварување на правата и
исполнување на обврските на граѓаните и правните лица.
На следниот линк можете да го најдете документот што содржи директни линкови до релевантните содржини.
Во следниот линк може да најдете документ со директни линкови
СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
—————————————————————————————————————————————
Убав викенд!

