Иако сме во услови на глобална пандемија од Корона вирусот мора да го одбележиме 20 март – светскиот ден на оралното здравје.
Оралното здравје е нераскинлив дел од целокупното човеково здравје, но сепак и во услови на висок технолошки развој и современи стоматолошки материјали, оралните зболувања спаѓаат во најчестите хронични заболувања, а дури 90% од луѓето имаат некаков вид на орална патологија почнуваќи од кариес, пародонтални заболувања па се до орален карцином.
Празнувањето на овој ден во светки рамки е прилика да се подигне свеста кај луѓето за оваа проблематика и да се охрабрат поединците, семејствата и целокупната заедница да преземаат мерки за зачувување и унапредување на оралното здравје.
Овој ден е почеток на месецот на орално здравје кога вообичаено се организираат голем број настани, манифестации и едукативни содржини, на кои се промовира оралното здравје но и се едуцираат и децата и возрасните како да одржат здрави заби и здрава уста.
Оваа година Стоматолошката комора на Македонија имаше планирано повеќе масовни активности во различни градови во државата со цел да се насочи вниманието на граѓаните, а пред се на децата од градинките, основните и средните училишта, кон важноста на хигиената и негата на устата и забите за добро орално здравје. Мотото оваа година е Unite for healthy mouth/ Да се обединиме за здрава уста.
Кампањата требаше да вклучува предавања, гостувања во ТВ емисии, радио емисии, промоција во печатените и електронските медиуми, работилници, бесплатни прегледи, бесплатни третмани на лица со посебни потреби, а сите стоматолози требаше да делат едукативни брошури за своите пациенти.
Поради неможноста да се спроведат овие содржини во овој момент, сакаме само да го одбележиме овој ден, а сите активности Комората ќе ги продолжи во периодот по завршувањето на новонастанатата ситуација со Корона вирусот со кратко потсетување:
- Редовно мијте ги вашите заби, грижете се за здравјето на вашата уста, градете здрави навики, косултирајте се со вашиот стоматолог за секоја промена или проблем во вашата уста.
- Во услови кога целото време го поминуваме дома разговарајте со вашите деца за важноста од добрата орална хигиена, уште еднаш покажете им како правилно се мијат забите
- Од вашиот стоматолог побарајте брошури или друг едукативен материјал. Денес постојат печатени материјали кои на сликовит и интересен начин ја претставуваат едукативната содрќина пред децата со цел да се задржи нивното внимание
- Покажувајте им позитивни примери од здрави заби и срекни насмевки
- Потсетувајќи ги децата потсетете се и себеси за потребата од редовна посета на стоматолог и рано дијагностицирање и санирање на сите проблеми во устата.
Грижата за оралното здравје е до крајот на животот, а треба да се почне од најрана возраст.
Скопје, 20.03.2020
Нека ни е честит денот на Оралното здравје
Со почит,
Стоматолошка комора на Македонија
НАШИОТ ПРИДОНЕС КОН ЕДУКАЦИЈА НА НАЈМЛАДИТЕ ВО ОДРЖУВАЊЕ НА ОРАЛНОТО ЗДРАВЈЕ, ПРЕКУ ОВИЕ РАБОТНИ ЛИСТОВИ, КОИ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ ЌЕ ИМ ПОМОГНАТ НА РОДИТЕЛИТЕ ДА СО СВОИТЕ ДЕЦА РАБОТАТ НА ЕДУКАЦИЈА.
Македонски:
Албански: