Од извештајот на Уставен суд на РСМ
Извор: http://ustavensud.mk/?p=22719
3.Реферат У.бр.13/2022
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 точките 3 и 5, член 16 точките 5 и 8, член 18 ставовите 1 и 2, член 19 ставовите 6 и 8, член 20 став 1, член 28 ставовите 2 и 4, член 33 став 3, член 35 ставовите 1 и 3, член 40 став 5, член 42 став 3, член 49 став 2 и член 57 ставовите 1, 2 и 3 од Статутот на Стоматолошката комора на Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 118/2021 од 01.06.2021 година) и се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на согласноста на член 35 од Статутот со членовите 10, 11 и 13 од Статутот на Стоматолошката комора на Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 118/2021 од 01.06.2021 година).
Подносител на иницијативата: Здружение на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина Кавадарци