Порталот Stomatologijа.me на 17 декември од 18 часот организира бесплатен вебинар со претседателите на коморите на Република Српска (д-р Саша Дабиќ), Федерацијата на Босна и Херцеговина (Прим. д-р Мирсад Токиќ), Србија (д-р. Милојко Јовановиќ) и Македонија (д-р Маријан Денковски). 
Ќе се разговара за многу теми, а пред се оние кои ја мачат стоматологијата - правни акти и прописи, хиперпродукција на кадар, недостаток на стоматолошки медицински сестри, минимални и максимални цени за услугите, договори со ФЗОМ...

Можете да се пријавите на вебинарот со испраќање СМС порака, Viber или Whatsapp на телефонскиот број +382 68 851 465. 
Во пораката мора да ги оставите следните информации: име и презиме, телефонски број и адреса на е-пошта или пријавете се користејќи ја формата под текстот.

Вебинарот ќе се одржи преку Google Meet, а секој што ќе се регистрира ќе добие линк преку кој ќе може да пристапи до него, како и ќе може да поставува прашања во коментар. Воедно, вебинарот ќе се емитува директно на нашите профили на Facebook и Instagram. Пријавете се, ве очекуваме!

(Текстот е превземен од www.stomatologija.me)

ПРИЈАВУВАЊЕ НА СЛЕДНИОВ ВЕБ САЈТ