На ден 15.05.2024 година, на 41-годишна возраст почина д-р Бобан Антоски.

Д-р Антоски е роден на 10.08.1982 година во Тетово. Средното образование завршил во Тетово, во средното медицинско училиште „Никола Штејн“, а дипломирал во 2010 година  на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 Д-р Антоски од 2015 година е вработен во ЈЗУ Здравствен дом Тетово, во службата за стоматолошка здравствена заштита. Бил член на Стоматолошката комора на Македонија од 2013 година, а од мај 2023 годна ја извршувал и функцијата делегат во Собранието на Стоматолошката комора на Македонија од Регионалниот одбор Тетово, а бил и член на комисијата за спроведување на стручен надзор од истиот регионален одбор.

Д-р Антоски ќе остане запаметен како исклучителен доктор и професионалец, посветен на пациентите  и на соработката со колегите, а неговиот ведар дух ќе остане во сеќавањата на неговите најблиски, како и колегите и пријателите.

Стоматолошката комора на Македонија изразува длабоко сочувство до семејството, колегите и пријателите на д-р Бобан Антоски.