На ден 26.06.2024 година, на 71-годишна возраст почина д-р Митко Проданов, стоматолог од Струмица.
Д-р Проданов е роден на 07.12.1952 година во Струмица. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје 1979 година, а стручниот испит за дипломирани доктори по стоматологија го положил во 1982 година.
По положувањето на стручниот испит се вработил во ЈЗУ Здравствен Дом Струмица, а во 1996 година д-р Проданов e еден од првите стоматолози во Република Северна Македонија кои преминуваат од јавното во приватното здравство со отворањето на сопствената ординација по општа стоматологија ПЗУ Продента – Струмица, кадешто го поминал целиот свој работен век.
Д-р Проданов ќе остане запаметен како пионер во приватното здравство од областа на стоматологијата во Република Северна Македонија, а исто така и како човек со ведар дух и извонреден доктор, секогаш посветен на своите пациенти, почитуван од колегите и соработниците.
Стоматолошката комора на Македонија изразува длабоко сочувство до семејството, колегите и пријателите на д-р Митко Проданов.