Претседателот на Стоматолошката комора на Македонија со делегација на Комората, ја оствари првата средба со парламентарната комисија за здравство на новиот состав на Македонското собрание на која присуствуваше делегација на Германската федерална стоматолошка комора.

Средбата ја отвори претседателката на Комисијата, Рашела Мизрахи, која информира дека ова е добра можност за размена на искуства и идеи.

Се направи осврт на нивото на стоматолошката здравствена заштита и опременоста на ординациите кои во ништо не заостануваат зад современите достигнувања, но и на проблемите со финансирањето, управувањето и организирањето на целиот систем како и хиперпродукцијата на кадар.

Во продолжение ЛИНК до објавата.