Почитувани,

Во прилог Ви го доставуваме дописот кој Стоматолошката комора на Македонија го испрати до ФЗОРСМ.

Барањата кои од наша страна беа предмет на разговори во изминатиот период, повторно се доставени до директорите на ФЗОРСМ и до сите членови на новиот состав на Управниот одбор на ФЗО, поради фактот што веќе има точни информации околу буџетот за здравство за 2025 година и менаџментот на Фондот ќе има можност да ги исполни ветувањата договорени за 2024 година, барем на почетокот на 2025 година.

Исто така надмината е и уште една (административна) пречка, односно со Решение на Владата на РСМ од 12.11.2024 година (објавено во ‘’Службен весник на РСМ’’ бр. 237/24) се разрешени сите членови на претходниот состав на Управниот одбор на ФЗОРСМ и именувани се нови членови, што е од витално значење, зошто за сите промени е потребно одлучување на Управниот одбор.

За сите дополнителни сугестии Комората Ви стои на располагање како и досега, а истите може да ги доставите лично преку архивата на Комората, преку претставниците на соодветниот Регионален одбор или на маил адресите објавени на веб-страната на Комората.

Скопје, 22.11.2024 г.

  Со почит,

Стоматолошка комора на Македонија