По тешко боледување, на ден 29.11.2024 година на 67 годишна возраст почина д-р Хајрадин Сулејмани, делегат во Собранието на Стоматолошката комора на Македонија.

Д-р Сулејмани е роден на 16.03.1957 година во с. Папрадиште – Кичевско. Основното образование го завршил во родниот град, а средното образование во Приштина. По завршување на средното училиште, своето образование го продолжил на Медицинскиот факултет – отсек стоматологија, на Универзитетот во Приштина.

Во својата речиси 40 годишна кариера, д-р Сулејмани кратко време работел во Општата болница во Кичево, по што отворил сопствена стоматолошка ординација најпрво во село Зајас, а потоа во с. Осломеј каде што работел повеќе од 25 години.

Учествувал во работата на органите и телата на Стоматолошката комора на Македонија од самите почетоци на Комората и тоа најпрво како член на Одборот на доктори на стоматологија-концесионери. Бил делегат во Собранието на Стоматолошката комора на Македонија во три мандати, каде што на изборно-конститутивната седница по изборите во 2023 година бил и Претседател на работното претседателство на Собранието на Стоматолошката комора на Македонија. Покрај овие функции бил и претседател на Регионалниот одбор Кичево и претседател на Регионалната комисија за спроведување на редовен стручен надзор од истиот регионален одбор, а во тековниот мандат заменик на претседателот на Комисијата за стоматолошка етика и деонтологија.

Д-р Хајрадин Сулејмани ќе остане запаметен, пред се како исклучително добар човек, професионалец и посветен  доктор за пациентите, пријателите, колегите од стоматолошката фела, како и вработените во Стручната служба и раководството на Стоматолошката комора на Македонија.

Стоматолошката комора на Македонија изразува длабоко сочуство до семејството, пријателите и колегите на д-р Хајрадин Сулејмани.