Стоматолошката комора на Македонија Ве информира дека Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија во врска со Договорот со ПЗУ аптеки за регулирање на односите, во врска со обезбедувањето здравствени услуги со кои осигурените лица се снабдуваат со лекови на рецепт од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот во примарната здравствена заштита, достави ажурирана содржина на Образецот ГЛБД.
Согласно одредбите од Договорот, аптеките опфатени со него се должни во секое време да имаат најмалку по еден лек без доплата од секоја наведена генеричка група.
Образецот ГЛБД е со важност од 20.11.2026 година и е објавен на веб-страницата на Фондот.
Повеќе информации и увид во образецот се достапни на следниот линк
СТОМАТОЛОШКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

