Dental hypomineralization – solutions for everyday clinical practice
Ass. Prof. Dr. Natalia Gateva
Fri 16 Nov, 02:00 pm Eastern Europe Time (Bulgaria time zone)
LIVE EVENT on Friday November 16
2:00 pm – Bulgaria time zone
1:00 pm – Macedonia time zone
Драги колеги,
Colgate ве поканува да ни се придружите на вебинарот (online предавањето) кое ќе го одржи Доц.Др. Наталија Гатева од Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот Факултет во Софија, и еден од водечките експерти во таа област како и стоматологијата воопшто.
Темата на вебинарот “Дентална хипоминерализација – решенија за секојдневната клиничка пракса” ќе го опфати проблемот на денталната хипоминерализација кај вашите пациенти како и решенија за секојдневната клиничка пракса.
Хипоминерализацијата на забите претставува широк поим кој опфаќа поголем број на структурни аномалии на забите кои се карактеризираат со непровидни зони на глеѓта кои се кредасто бели, кремасти, жолтеникави или кафеави и се јасно ограничени од околната здрава глеѓ. Покрај естетскиот проблем оваа состојба доведува и до повисока инциденца на кариес. Освен тоа, ваквите заби се многу болно осетливи на надворешни дразби, дури и во случаите кога непровидните зони на глеѓта изгледаат потполно интактни.
Во тек на вебинарот Др. Наталија Гатева ќе ви укаже на најчестите диференцијално дијагностички грешки при разграничувањето на структурните аномалии и другите заболувања на забите кои на клинички изглед се слични. Како да им помогнете на вашите пациенти да водат живот без тегоби, како да бидат задоволни со својот изглед и она што е најважно како овие заби да се сочуваат здрави?
РЕГИСТРАЦИЈА